slide1

Собрание 2021 година:

РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ ОДРЖАНО НА 27.05.2021

Врз основа на член 58 и 60 од Статутот на Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта ФЕРШПЕД АД Скопје, а во согласност со членовите  383, 384 и 387 од Законот за трговски друштва, Одборот на директори на Друштвото

                                                                                            ОБЈАВУВА   ПОВИК

до акционерите за учество на Собрание на акционери на ФЕРШПЕД АД Скопје

 

Собранието ќе се одржи на ден 27.05.2021 година (Четврток) со почеток во 12:00 часот во  просториите на хотелот Александар палас на бул.8-ми Септември. бр.15 Скопје.

За работа на седницата на Годишното собрание се предлага следниот:

                                                                                               ДНЕВЕН   РЕД

 

 I.ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

 

  • Избор на Претседавач со Собранието 
  • Записничар  (записникот го води Нотар)
  • Избор на бројачи на гласови
  • Усвојување на дневен ред

  Предлог

II.РАБОТЕН ДЕЛ 

 

1.    Разгледување и одобрување на Годишната сметка, финансиските извештаи за 2020 година ревидирани од овластен ревизор со Мислење и Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2020 година – Предлог одлуки

Предлог Одлука за одобрување на Годишната сметка за 2020 година

Одлука за одобрување на Годишната сметка за 2020 година

Годишна сметка 2020

Предлог Одлука за одобрување на финансиските извештаи ревидирани од овластен ревизор за 2020 година

Одлука за одобрување на финансиски извештаи на друштвото за 2020

Ревидирани финансиски извештаи 2020

Предлог Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2020 година

Одлука за одобрување на годишниот извештај за 2020

Извештај за работењето на Фершпед за 2020

2.    Донесување одлука за распределба на добивката по годишната сметка за деловната 2020 година – Предлог одлука

Предлог Одлука за распределба на добивката за 2020година

Одлука за распределба на добивката за 2020

3.    Донесување на одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар –Предлог одлука

Предлог-одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар

Одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар

4.    Разгледување и одобрување на Извештајот поднесен од неизвршните членови на Одбор на директори за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото за 2020 година – Предлог одлука

Предлог Одлука за одобрување на Извештајот од неизвршните членово на ОД  за 2020

Одлука за одобрување на извештај од неизвршните членови на ОД

Извештај од неизвршните членови на ОД за 2020

5.    Разгледување и одобрување на Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија за 2020 година – Предлог одлука

Предлог Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на Службата за внатрешна ревизија за 2020

Одлука за одобрување на годишниот извештај за работењето на СВР за 2020

Годишен Извештај на службата за внатрешна ревизија за 2020

6.    Разгледување и одобрување на Консолидираната годишна сметка и Консолидираните финансиски извештаи на групата ФЕРШПЕД за 2020 година, ревидирани од овластен ревизор со Мислење и Годишниот извештај за работењето на групата ФЕРШПЕД за 2020 година – Предлог одлука

Предлог Одлука за одобрување на Консолидираната годишна сметка и Конс. фин. извештаи 2020 и год.изв.за група

Одлука за одобрување на консол.год сметка и кон фин.извештаи и Годишен извештај на групата

Консолидирана годишна сметка 2020

Ревидирани Консолидирани финансиски извештаи 2020

Извештај за работењето на Група Фершпед за 2020

7.    Донесување на одлука за одобрување на работата на членовите на Одборот на директори на Друштвото, за 2020 година – Предлог одлука

Предлог Одлука за одобрување на работата на членовите на ОД за 2020 година

Одлука за одобрување на работата на членовите на ОД

8.    Донесување одлука за назначување овластен ревизор за вршење ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на ФЕРШПЕД АД Скопје, и консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи на групата ФЕРШПЕД за 2021 година – Предлог одлука

Предлог Одлука за назначување овластен ревизор за 2021 година

Одлука за назначување овластен ревизор за 2021

 

Од вкупниот број 18.113 акции во ФЕРШПЕД АД Скопје на денот на објавата на јавниот повик вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас се 16.303 акции.

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Годишното собрание.

Секој акционер кој има намера да учествува на Годишното собрание на Друштвото е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Годишно собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Годишно собрание.

Пријавите да се достават до ФЕРШПЕД АД Скопје – Одбор на директори на Друштвото, или по електронски пат на info@fersped.com.mk

На Годишното собрание ќе се одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести Друштвото по писмен или електронски пат.

За полномошник на Годишното собрание можe да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание за која им важи полномошното.

Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk 

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва полномошникот задолжително треба да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давање полномошното/ата од повеќе акционери во рок од пет работни дена пред одржување на Годишното Собрание на акционери.

Акционерите можат да гласаат по точките од дневен ред и предложените одлуки по материјалите објавени заедно со повикот, со пополнување на образец за гласање со коресподенција, кој е објавен на официјалната интерент страна на друштвото    www.fersped.com.mk.

Уредно пополнетиот образец за гласање со коресподенција, акционерот треба да го достави во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и соверачен потпис на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме на законскиот застапник на акционерот правно лице.

Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификација, секој акционер физичко лице е потребно да се достави и копија од документ за идентификација (лична карта/патна исправа).

Заедно со пополнетиот образец за гласање со коресподенција, заради потребите на идентификација, секој акционер правно лице е потребно да се достави и копија од важечка тековна состoјба за правното лице акционер и копија од документ за идентификација (лична карта/патна исправа) на законскиот застапник на правното лице.

Образецот во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „За Собрание на акционери“ мора да бидат примени во седиштето на друштвото ФЕРШПЕД АД Скопје на ул.Македонија бр.11а, 1000 Скопје најдоцна до 26.05.2021 година до 15 часот. 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки најдоцна 8 (осум) дена од објавата на овој Повик во дневен весник, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk.

Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание на акционери. Одговор на поставените прашања се дава на  седницата или преку веб-страницата на Друштвото.

Материјалите за Годишното собрание на акционери и дополнителни информации во  согласност со Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото на ул. Македонија. 11а Скопје од 09.00 до 15.00 часот, и на веб-страницата на Друштвото www.fersped.com.mk

 

ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ

                                                                                                                                                             

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје