slide1

Собрание на акционери 2019 година:

 

Врз основа на член 58 и 60 од Статутот на Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта ФЕРШПЕД АД Скопје, а во согласност со членовите  383, 384 и 387 од Законот за трговски друштва, Управниот одбор на Друштвото

 ОБЈАВУВА ПОВИК

До Акционерите за учество на Собрание на акционери на ФЕРШПЕД АД Скопје

Собранието ќе се одржи на ден 17.05.2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот во  просториите на хотелот Александар палас на бул.8-ми Септември бр.15 Скопје.

За работата на седницата на Годишното собрание се предлага следниот:

 ДНЕВЕН РЕД

 

 I.ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

Избор на претседавач со Собранието;
Записничар(во согласност со член 383 став 3 од ЗТД записникот го води нотар)
Избор на бројачи на гласови. 

 

II.РАБОТЕН ДЕЛ 

1.    Разгледување и одобрување на Годишната сметка, финансиските извештаи за 2018 година ревидирани од овластен ревизор со Мислење и Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2018 година.

Предлог-одлука за одобрување на Годишната сметка за 2018 година

Одлука за одобрување на Годишната сметка за 2018 година

Годишна сметка на ФЕРШПЕД АД за 2018 година

Предлог-одлука за одобрување на финансиските извештаи ревидирани од овластен ревизор за 2018 година

Одлука за одобрување на финансиските извештаи ревидирани од овластен ревизор за 2018 година

Ревидирани финансиски извештаи за 2018 година

Предлог-одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2018 година

Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на ФЕРШПЕД АД Скопје за 2018 година

Извештај за работењето на друштвото за 2018 година

2.    Донесување одлука за распределба на добивката по годишната сметка за деловната 2018 година.

Предлог-одлука за распределба на добивката за 2018 година

Одлука за распределба на добивката за 2018 година

3.    Донесување на одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар.

Предлог-одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар

Одлука за исплата на дивиденда и дивиденден календар

4.    Разгледување и одобрување на Извештајот поднесен од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето со Друштвото за 2018 година.

Предлог-одлука за одобрување на Извештајот од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето со  Друштвото за 2018

Одлука за одобрување на Извештајот од Надзорниот одбор за резултатите од контролата над управувањето со  Друштвото за 2018

Извештај од НО за резултатите од контролата над управувањето со друштвото

5.    Разгледување и одобрување на Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија за 2018 година.  

Предлог одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на Службата за внатрешна ревизија за 2018

Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работењето на Службата за внатрешна ревизија за 2018

Годишен Извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2018 година

6.    Разгледување и одобрување на Консолидираната годишна сметка и Консолидираните финансиски извештаи на групата ФЕРШПЕД за 2018 година, ревидирани од овластен ревизор со Мислење и Годишниот извештај за работењето на групата ФЕРШПЕД за 2018 година.

Предлог-одлука за одобрување на Консолидираната годишна сметка и Конс. фин. извештаи 2018 и год.изв.за група

Одлука за одобрување на Консолидираната годишна сметка и Конс. фин. извештаи 2018 и год.изв.за група

Консолидирана Годишна сметка за 2018 година

Консолидирани ревидирани финансиски извештаи за 2018 година

Извештај за работењето на групата Фершпед за 2018 година

7.    Донесување на одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото, за 2018 година.

Предлог-одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор на Друштвото за 2018

Одлука за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор на Друштвото за 2018

Предлог-одлука за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор на Друштвото за 2018

Одлука за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор на Друштвото за 2018

8.    Донесување на Одлука за стекнување на удели во друштва со ограничена одговорност со преземање на нови влогови.

Предлог-одлука за стекнување на удели во друштва со ограничена одговорност со преземање на нови влогови

Одлука за стекнување на удели во друштва со ограничена одговорност со преземање на нови влогови

9.    Донесување на Одлука за измена и дополнување на Статутот на ФЕРШПЕД АД Скопје

Предлог-одлука за измена на Статутот

Одлука за измена на статут

10.  Донесување на Одлука за избор на членови на Одбор на директори со определување на надомест.

Предлог-одлука за избор на членови на Одбор на директори

Одлука за избор на членови на Одбор на директори

11.  Донесување одлука за назначување овластен ревизор за вршење ревизија на годишната сметка и финансиските извештаи на ФЕРШПЕД АД Скопје, и консолидираната годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи на групата ФЕРШПЕД за 2019 година.

Предлог-одлука за назначување овластен ревизор за 2019 година 

Одлука за назначување овластен ревизор за 2019 година

 

Од вкупниот број 18.113 акции во ФЕРШПЕД АД Скопје на денот на објавата на јавниот повик вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас се 16.303 акции.

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Годишното собрание.

Секој акционер кој има намера да учествува на Годишното собрание на Друштвото е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Годишно собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Годишно собрание.

Пријавите да се достават до ФЕРШПЕД АД Скопје – Управен одбор на Друштвото, или по електронски пат на info@fersped.com.mk

На Годишното собрание ќе се одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Друштвото и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести Друштвото по писмен или електронски пат.

За полномошник на Годишното собрание можe да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интереси, само под услов ако тие претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници, за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание за која им важи полномошното.

Податоци за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва полномошникот задолжително треба да ја извести Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давање полномошното/ата од повеќе акционери во рок од пет работни дена пред одржување на Собранието на акционери.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки најдоцна 8 (осум) дена од објавата на овој Повик во дневен весник, а подетаљни информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната веб-страница на Друштвото www.fersped.com.mk.

Секој акционер има право да поставува прашања за секоја од точките на дневниот ред на седницата на Годишното собрание на Друштвото. Одговор на поставените прашања се дава на самата седница или преку веб-страницата на Друштвото.

Материјалите за Годишното собрание на Друштвото и дополнителни информации во  согласност со Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во седиштето на Друштвото на ул. Македонија 11а Скопје, и на веб-страницата на Друштвото www.fersped.com.mk

02-443/13   

ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ 
УПРАВЕН ОДБОР

 

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје