Од самото основање, општо-правниот оддел водел грижа за обуката на кадрите. Но дури откако во 2000 година, Фершпед се здоби со сертификатот за ИСО стандард 9001: 2000 ПРОЦЕСОТ НА ОБУКА го искреиравме и имплементиравме во рамките на нашите потреби а со цел давање на најкомпетентни услуги во основната дејност. Според тој процес, се предвидува планирање на обуките на годишно ниво и тоа како екстерни така и интерни обуки.
Интерните ги спроведуваат внатрешните менаџери и раководители, а за екстерните користиме соодветни училишта и институции.
Во 2009 година, низ процесот на екстерна обука поминуваат:
царинско работење: 47 вработени
*до втората половина на 2009 година, над 80 наши царински декларанти веќе поседуваат царинска лиценца за застапување
јазици (англиски, албански и грчки): 17 вработени
користење на информатичка технологија: 16 вработени
Во процесот на интерна обука до првата половина на 2009 година, на теми Транзитни системи и Инкотермс 2000, учествувале 46 вработени.
Истовремено, присутни сме и на сите поважни настани организирани од стопанските комори, здруженија на правници, здруженија на финансиски консултанти. Неодминливи се и регионалните и глобалните конгреси коишто се во тесна врска со нашата основна дејност т.е. шпедицијата и транспортот, како на меѓународен така и на домашен план. Очекувано е и присуството на сите собранија и информативни средби во здруженијата и клубовите чии сме активни и долгогодишни членови. По овие основи, само во 2009 година, низ разни форми на ваков тип информирање и активно учество, бележиме бројка од 40 вработени.
Според реализираниот План за обуки за 2008 г., компанијата одвоила само за екстерната обука околу 430.000 ден., а за 2009 година, има предвидено буџет од околу 700.000 денари. Тука не ги вбројуваме котизациите и другите трошоци за престој и материјали на конгресите, конференциите и сличните средби.
Преземаме и трошоци за магистерски студии на неколку наши вработени кои изразиле желба за надградба во областа тесно врзана со нашата основна дејност.
Главната идеја во овој процес е дека само обучен кадар е способен да обезбеди раст на компанијата и нејзина модернизација што ќе овозможи нејзино севкупно приспособување кон новите услови и стандарди кои владеат во земјите членки на ЕУ.