slide1

Фершпед АД Скопје е акционерско друштво со едностепен систем на управување.

 

Собрание
Собранието одлучува само за прашањата категорично определени со Законот за трговски друштва и со Статутот на Фершпед АД Скопје, а особено за :

1. Измена на Статутот

2. Одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на Друштвото во претходната деловна година и одлучува за распределбата на добивката

3. Избор и отповикување на членови на Одбор на директори

4. Одобрување на работата и водењето на работењето со Друштвото на членовите на Одборот на директори

5. Промена на правата врзани за одделни родови и класи акции

6. Зголемување и намалување на основната главнина на Друштвото

7. Издавање акции и други хартии од вредност

8. Назначување на овластен ревизор за ревизија на годишната сметка и на финансиските извештаи

9. Преобразба на Друштвото во друга форма на друштво, како и на статусни промени на Друштвото и

10. Престанување на Друштвото.


 

ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

Членовите на Одборот на директори ги избира Собранието на Друштвото.

Одборот на директори има 6 члена од кои:

4 неизвршни и 2 извршни членови. 

Извршните членови го носат називот:

- Генерален директор и

- Заменик генерален директор

Неизвршни членови:

- Претседател на Одбор на директори,

- 2 неизвршни члена и

- неизвршен независен член.

Одборот на Директори, во рамките на надлежностите утврдени со Статутот, законот и овластувањата кои изрично му се дадени од Собранието на Друштвото, има најшироки овластувања за дејствување во сите околности во името на Друштвото.

Одборот на Директори работи и одлучува на начин утврден со закон и Статут.


Генералниот директор го застапува и претставува Друштвото во односи со трети лица. Во отсуство, Генералниот директор го заменува Заменик генералниот директор.

 

map

УЛ. Македонија 11а 1000 Скопје